дома Македонија ВЧЕРА НЕ ЈА СВИРЕАА ХИМНАТА: Но утре ќе свират со грчкиот оркестар

ВЧЕРА НЕ ЈА СВИРЕАА ХИМНАТА: Но утре ќе свират со грчкиот оркестар

Во рамки на посетата на високата грчка делегација вчера, министерката за одбрана Радмила Шекеринса оствари билатерална средба со министерот за национална одбрана на Грција Евангелос Апостолакис. По потпишувањето на Договорот за соработка во одбраната, Шекеринска и Апостолакис ги посетија вoeните оркестри на двете земји, кои се подготвуваат за заедничкиот концерт на пет apмии.

Се работи за концерт наречен „Together we stand“, каде ќе настапува Вoeниот оркестар на АРМ заедно со оркестрите на Грција, САД, Обединетото Кралство и Словенија.

Концертот е дел од програмата на Неделата на НАТО, која Министерството за одбрана ја организира по повод 70 години од постоењето на Северноатлантската алијанса, а ќе се одржи утре во Домот на АРМ во Скопје.

Инаку, Вoeниот оркестар на Македонија вчера требаше да ги интонира македонската и грчката химна на платото пред Владата кога пристигна Алексис Ципрас со неговата делегација, но тоа не се случи.