дома КОВИД-19 (Коронавирус) Вчepa вakциниpaни 6.282 гpaѓaни, вкyпнo дoceгa ce вakциниpaлe 289.305 лицa

Вчepa вakциниpaни 6.282 гpaѓaни, вкyпнo дoceгa ce вakциниpaлe 289.305 лицa

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 460.702 граѓани. 

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 289.305 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 3.044 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 6.282 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 501.506 дози вакцини, а ревакцинирани се 212.201 граѓани.  

Со последните бројки 51 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина,  45 % од населението над 65 години е вакцинирано  со барем една доза вакцина и 38 % од населението над 60 години е вакцинирано  со барем една доза вакцина.  

Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп. 

Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.