дома КОВИД-19 (Коронавирус) Вчepa вakциниpaни 6.478 гpaѓaни, дoceгa вкyпнo ce вakциниpaлe 285.957 лицa

Вчepa вakциниpaни 6.478 гpaѓaни, дoceгa вкyпнo ce вakциниpaлe 285.957 лицa

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 459.213 граѓани. 

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 285.957 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 3.712 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 6.478 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 494.909 дози вакцини, а ревакцинирани се 208.592 граѓани.  

Со последните бројки 51 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина,  45 % од населението над 65 години е вакцинирано  со барем една доза вакцина и 38 % од населението над 60 години е вакцинирано  со барем една доза вакцина.  

Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп. 

Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.