дома КОВИД-19 (Коронавирус) Вaкцинирани над 600 деца на возрaст меѓу 12 и 15 годии, засега...

Вaкцинирани над 600 деца на возрaст меѓу 12 и 15 годии, засега нема нecакани рeакции

Фајзер спроведува студија со која се опфатени деца на возраст меѓу 12 и 15 години, а се очекува наскоро да бидат опфатени и деца на возраст од 5 до 11 години.

Стотици деца на возраст меѓу 12 и 16 години во Израел се имунизирани со вакцина против коронавирус на Фајзер/Бионтек и не се пријавени несакани ефекти, изјави за Гардијан Боаз Лев, шеф на тимот за имунизација при израелското Министерство за здравство.

Весникот посочува дека ова е еден од првите знаци дека вакцината против коронавирус е безбедна и за децата, но претстои да бидат објавени резултатите од клиничкото испитување.

Израелското Министерство за здравство препорача вакцинирање на деца кои имаат болести поради што се во зголемен ризик од ковид-19.

– Досега имунизиравме околу 600 деца. Не се регистрирани некои поголеми несакани ефекти, а дури и малите нуспојави се доста ретки. Тоа е охрабрувачки – појасни Лев.

Фајзер спроведува студија со која се опфатени деца на возраст меѓу 12 и 15 години, а се очекува наскоро да бидат опфатени и деца на возраст од 5 до 11 години. Универзитетот Оксфорд објави дека започнува студии за тестирање на вакцината АстраЗенека на деца над 6 години. Резултатите од тоа истражување се очекуваат за неколку месеци.