дома Политика Вeрификyвaн мaндaтoт на Зекир Рамчиловиќ и кoнcтaтиpaнa ocтaвкaтa на Шекеринска

Вeрификyвaн мaндaтoт на Зекир Рамчиловиќ и кoнcтaтиpaнa ocтaвкaтa на Шекеринска

Собранието вечерва го верификуваше мандатот на пратеникот Зекир Рамчиловиќ кој доаѓа на местото на Љупчо Николовски кој пак треба да биде дел од новата влада како вицепремиер за борба против корупцијата.

На нова седница е констатирана и оставката на Радмила Шекеринска, која исто така ќе биде во новата влада како министер за одбрана. Повторно, ќе се чека информација од Државната изборна комисија за името на новиот пратеник кој треба да дојде на местото на Шекеринска по што ќе биде верификуван неговиот мандат.

На седниците за верификација на мандатите не присуствуваат пратениците од опозицијата бидејќи според нив постапката е неделовничка, а верифиакцијата се врши врз основа на извештај на ДИК, а по предлог на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, а не по предлог на Верификационата комисија.

Претходно, Собранието ја констатираше оставката на мандатарот Зоран Заев.

Истата постапка за верификација на мандатите ќе се примени и за останатите пратеници кои треба да бидат дел од новата влада.