дома Балкан ВEСНА ЗМИЈАНАЦ ЕДВАЈ ЗБОРУВА: Видно потресена е после cмpттa на Шабан, тој...

ВEСНА ЗМИЈАНАЦ ЕДВАЈ ЗБОРУВА: Видно потресена е после cмpттa на Шабан, тој бил нејзин учител и најдобар пријател!

Весна Змијанац трагичната вест за cмpттa на Шабан Шаулиќ во интервју за „Ексклузивно“ призна дека многу ја потресла, притоа истакнувајќи дека Шабан бил нејзин голем пријател и учител.
Очајна сум. Драг мој Шабане, со тебе отиде и дел од мене. Се што знам за пеењето, знам од тебе. Почивај во мир со анѓелите драг мој учителу и другару. Многу ми е тешко, рекла неутешната Весна.

Признала и дека веста за cмpттa дополнително ја шокирала затоа што била изненадна.

Морам да признаам, кога пoчинa мајка ми сите некако ја очекувавме нејзината cмpт затоа што беше болна. Но, ова, cмpттa на Шабан е тежок удар за мене и просто не можам оваа болка да ја споредам со ништо друго, истакнала Змијанац.

Со Шабан се знам од мојата 16-та година. Моите први чекори, стихови… неговото трпение додека ме учеше како да пеам. Не му беше тешко ниту по 50. пат да ме поправи и корегира кога грешам, завршила Змијанац.