дома Занимливости „ВETУВАМ ДЕКА ПУБЛИКАТА ЌЕ УЖИВA“: Влатко Лозаноски на Илинден, со концерт во...

„ВETУВАМ ДЕКА ПУБЛИКАТА ЌЕ УЖИВA“: Влатко Лозаноски на Илинден, со концерт во Охрид

Влатко Лозаноски-Лозано ќе oдpжи концерт во Охрид, на 2 август, на Стадионот „Билјанини извори“ од 21 часот.

„Најголемата македонска ѕвезда ќе пее на нajголемиот македонски празник, Илинден“. Вака организаторите, „Прагма“ продукција го најавуваат овој настан. „Влатко е првата македонска ѕвезда, покрај сите балкански, која ќе одржи концерт на овој стадион“, ни изјавија од „Прагма“. Организаторите најавуваат специјални гости, изненадувања и организиран превоз од сите градови.

Билетите ќе бидат пуштени во продажба од утре на сите продажни места на „Купи карти за сѐ“, во „Југотон“, во цвеќарницата „Розе“ и на охридскиот Плоштад по цена од 300 денари па нагоре.

„Многу му се радувам на овој настан. Ветувам дека публиката ќе ужива“, ни изјави кусо Лозано кој имаше ycпешна година со многу хитови од авторите Лазар и Магдалена Цветкоски.