дома Хроника Вoзaч тeшko пoвpeдeн: Излeтaл co aвтoмoбил oд патот

Вoзaч тeшko пoвpeдeн: Излeтaл co aвтoмoбил oд патот

На 15.03.2021 во 14.07 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат с.Витолиште, прилепско, кај влез за с.Штавица, патничко моторно возило „рено меган“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Џ.М. (57) од Прилеп, удрило во метален заштитен браник на коловозот и излетало од коловозот, информира МВР.

Во незгодата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската болница Прилеп.

Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп.