дома Македонија Вoзeтe внимaтeлнo: Cooбpaќaјoт вo Македонија ce oдвивa по влaжни кoлoвoзи, снег пaѓa...

Вoзeтe внимaтeлнo: Cooбpaќaјoт вo Македонија ce oдвивa по влaжни кoлoвoзи, снег пaѓa нa Попова Шапка

Сообраќајот на патиштата се одвива непречено по влажни коловози.

Снег врне на Попова Шапка, информираат од АМСМ.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Потсетуваат дека на сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март годинава.