Вocпитна од бизнис секторот за 3aeвци: Ако не ве бива „назад во Муртино“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Веќе втора година Македонија е сред здравствено-економска криза, а доколку се земе во предвид растот на бројот на заболени и недостапноста на вакцини за граѓаните, неизвесно е кога ќе биде крајот на кризата и почетокот на опоравувањето, вели Данела Арсовска, претседател на Сојузот на стопански комори за „Слободен печат“.

-Повеќе пати досега потенциравме дека малите и средни претпријатија немаат резерви да ја одржат ликвидноста. Пратениците имаат одговорност пред граѓаните да работат во нивен интерес, а доколку не се способни за истото секогаш можат да ги вратат мандатите. Во овој момент треба сите да се обединат околу единствениот општествен приоритет, кој значи спасување на човечки животи и обезбедување на економска активност за спасување на работните места како извор на егзистенција на граѓаните. Треба да се заборави на добивање ситни политички поени и да се размислува за животот, здравјето и егзистенцијата на граѓаните, додава Арсовска.

Миле Бошков, претседател на Бизнис конфедерацијата на Македонија, смета дека стопанствениците се заложници на политичарите, чии што постапки се безидејни и неразумни. На бизнисмените им е преку глава од пораките „да се стрпат“, бидејќи оваа состојба трае предолго.

За жал, нашите судбини се во рацете на оние кои немаат други идеи, освен да се препукуваат и да фаќаат политички поени. Ова што се случува е трагично за микро и малите фирми и за исте оние кои даваат услуги, за кои сега нема побарувачка. Економијата е на колена бидејќи и потрошувачката е драстично намалена. По сето ова што се случува веќе не важи пораката дека се спасени 60 до 70.000 работни места, ако секојдневно се губат стотици други. Ни велат да се снајдеме, да се стрпиме. Како? Со лажење, со арамилак, со матни работи? Ако не може да работи Собранието, нека се самораспушти, па пратениците нека се стрпат, порачува во изјавата за „Слободен печат“, Миле Бошков

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This