дома Балкан (Галерија)БИБЛИСКИ СЦЕНИ ОД ПОЖАРИТЕ ВО ГРЦИЈА: Над нив гори, пред нив море...

(Галерија)БИБЛИСКИ СЦЕНИ ОД ПОЖАРИТЕ ВО ГРЦИЈА: Над нив гори, пред нив море – ни напред, ни назад!

Веќе трет ден дивеат страшните шумски пожари кои го зафатија предградието на Атина од двете страни на крајбрежјето. Сцените се библиски, а луѓето немаат излез. Голем број од нив успеале да избегаат до најблиските плажи, но пред нив вода, а зад нив разбеснети пламени јазици

Според извештаите, најмалку 187 лица, вклучувајќи и 23 деца, се повредени во пожарите. Бројот на исчезнати лица сè уште не е познат.

Грција прогласи три дневна жалост поради пожарот, а премиерот Алексис Ципрас рече дека Грција минува низ досега невидена трагедија.

Инаку, во попладневните часови, грчкото знаме на зградата на владата и парламентот е на половина копје, а сите манифестации беа откажани.