дома Македонија (Галерија)ПРВ ПАТ ВО МАКЕДОНИЈА: Погледнете како изгледа мобилното студио на ТВ Нова...

(Галерија)ПРВ ПАТ ВО МАКЕДОНИЈА: Погледнете како изгледа мобилното студио на ТВ Нова одвнатре!

Телевизија Нова и во текот на изборната кампања продолжува со трендот кој го поставивме уште од првото појавување во македонскиот етер, а тоа е воведување на нови стандарди во креирањето на информативната програма, велат од телевизијата.

Исто како и светските информативни мрежи Си Ен Ен и Фокс, и Телевизија Нова воведува мобилно студио кое одблиску ќе ги следи активностите на најголемите политички партии во текот на кампањата.

Станува збор за мобилно студио, брендиран автобус кој, од лице место ќе известува од митинзите на политичките партии.

-Нашето мобилно студио е сателитиски поврзано и во него има најсофистицирана телевизиска опрема. Покрај нашите репортери километражата на мобилното студио до затворањето на кампањата ќе ја одбројуваат и голем број на аналитичари и експерти со чии анализи ќе се обидеме најдетално и први да ве информираме за активностите на кандидатите за новиот собраниски состав. За да бидеме први ќе помогнат и будните очи на најбројниот дописен тим во Македонија кој овозможува во живо во секое време да се вклучат во програмата на Телевизија Нова, велат од телевизијата.

Тимот на Телевизија Нова за изборите подготви и бројни анализи, графички прикази и прилози кој имаат за цел на гледачите да им овозможат досега невидено визуелно искуство во поглед на изборното информирање.