Младинските политички организации неуморно и нескромно ја негуваат практиката на одговорност и хуманост спрема ранливите групи, како важна општествена и колективна карактеристика.
Преку десетици донации ширум Македонија, комитетите и комисиите на УМС при ВМРО-ДПМНЕ и оваа година повторно ја спроведоа акцијата „Недела на солидарноста“, преку која се приклучија на меѓународниот ден на солидарноста. Тие донираа прехрамбени и други најразлични производи со цел на скромен начин да придонесат за топлина и радост во домовите на семејствата на кои им е најпотребно.
Од таму велат дека, онаму каде што можат, секогаш се трудат да помогнат пред празниците.
Претседателот на УМС, Сергеј Попов, неодамна ја најави донаторската акција на фејсбук:
– „Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ го одбележува 20 Декември – Меѓународниот ден на солидарноста најавувајќи “Недела на солидарноста”