March 28, 2024, 12:58 pm

(Галерија) Североисточниот брег на САД во бело и во снежен хаос

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Источниот дел на САД, големите градови Њујорк, Вашингтон, Филаделфија, се буквално во алармантна состојба бидејќи источниот брег е погоден од снежно невреме со постојани наноси од снег и заледен дожд кои не се паметат повеќе од 50 години.

Гувернерот на Њујорк Ендру Куомо им порача на њујорчаните сериозно да ги сфатат предупредувањата и следните два дена да ги поминат дома. Греблата нема да може да ја исчисти оваа количина снег, бидејќи ќе падне до два сантиметри на час. Ако планирате да одите некаде, сторете го тоа до пладне – рече Куомо.

Главните патишта се затворени, додаде гувернерот на Њујорк. „Не треба да излегувате и да бидете на патиштата непотребно“, додаде Куомо.

Главниот град Вашингтон е веќе „завиен во бело“, објавија денеска американските медиуми. Националната метеоролошка служба издаде предупредувања за бура од државите Вирџинија до Мејн, каде живеат десетици милиони луѓе, и објави дека дебелината на капакот ќе биде од 45 до 60 сантиметри на југот на Њујорк, северо-источно од Њу Џерси и делови во југозападен Конектикат.

Гувернерот на Њу Џерси, Фил Марфи прогласи вонредна состојба пред да пристигне бурата, дозволувајќи им на властите да затворат патишта, да се евакуираат и да користат опрема неопходна за заштита на јавноста. Сите форми на јавен превоз се суспендирани во таа земја.



Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This