дома КОВИД-19 (Коронавирус) ГАНИУ: Состојбата со кoрoнaвиpycот е сè уште пpoблeмaтичнa

ГАНИУ: Состојбата со кoрoнaвиpycот е сè уште пpoблeмaтичнa

Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, апелираше до своите сограѓани за поголема грижа и трпеливост, со цел да се надмине состојбата со вирусот корона што е можно побрзо.

Тој рече дека сме сведоци дека ситуацијата продолжува да биде проблематична, затоа побара да се продолжи со носење маски, физичко растојание, миење и континуирана дезинфекција на рацете.

– Јас сум свесен за изгубеното трпение и желбата да се вратиме во нормала, но ризикот сепак постои и можноста за заразување од вирусот е сè уште голема. Затоа да бидеме добар пример за овој настан, а не обратно. Да се придржуваме до потребните мерки за вирусот до завршување на оваа ситуацијата, рече Ганиу.