дома Занимливости Гарвнанлиев напиша песна за Бугарија на Евровизија

Гарвнанлиев напиша песна за Бугарија на Евровизија

На Детската Евровизија, што на 19 декември ќе се одржи во Париз, Бугарија ќе ја претставуваат Денислава Димитрова и Мартин Стојанов со песната „The Voice of Love“, чии автори се македонското трио Васил Гарванлиев, Давор Јордановски и Весна Малинова.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, официјалното претставување на песната „„The Voice of Love“ ќе се одржи в сабота во емисијата „Денот започнува со Георги Љубенов“ на БНТ 1.

Денислава Димитрова и Мартин Стојанов потекнуваат од вокалното студио „Сарандев“ од Добрич. Тие имаат освоено бројни награди, а музиката е дел од нивниот живот уште од раното детство. Како дует настапуваат од 2017 година под раководство на вокалниот педагог Елена Карабелова.

На 19-то издание на Детската Евровизија ќе настапат изведувачи од 19 земји