March 28, 2024, 11:59 pm

“Гвардиола мисли само на фудбал буквално цело време, дури и сопругата ја третира како играч”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот фудбалер на Манчестер сити и екс-репрезентативец на Бразил, Данило за англиските медиуми откри каков е Пеп Гвардиола, актуелниот менаџер на англискиот шампион посочувајќи дека Шпанецот е исклучиво фокусиран на фудбалот по цел ден.

Данило даде интересна изјава дека дури и кога Гвардиола нема фудбалски активности и има слободно време, тој постојано мисли на фудбалот, па дури и сопругата ја третира како фудбалер и „ја позиционира на каучот како тој да е фудбалски терен“.

„Пеп на фудбал мисли цело време, ама буквално – цело време! Тој е човек кој ќе ви го смени погледот на сѐ во фудбалот и јас имав среќа што соработував со него. Ми го смени начинот на тоа како да гледам на работите. И треба да ви е јасно дека со него е многу тешко да имате добар однос зашто никогаш не е опуштен. Постојано само на фудбал мисли. Мислам дека и дома сопругата ја позиционира на кревет или на кауч, третирајќи ја како играч на фудбалскиот терен“, вели Данило.

Данило одигра само 23 меча за две години, најмногу и поради зачестените повреди откако дојде на барање на Гвардиола од Реал Мадрид.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This