дома Македонија ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КУМАНОВО: Апeлиpaм да се затвopи градот

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КУМАНОВО: Апeлиpaм да се затвopи градот

Бараме контиунирано да се затвори градот, на кое што досега не наидовме на разбирање. Ние ќе ги почитуваме мерките и се надевам дека набрзо ќе најдеме решение, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.

Тој додаде дека се планира набавка на дополнителна количина дезинфекциски средства и дека на крајот Македонија ќе ја добие битката со коронавирусот.

-Кумановчани се многу горди и многу темпераментни луѓе и мислам дека ќе ја пребродиме ситуација. На крајот и Куманово и Македонија ќе победат. Имаме мали залихи на дезинфекциски средства, но одвоивме средства истите да ги набавиме. Во моментов се врши интензивна дезинфекција, додаде Димитриевски.