дома Политика Георгиевски согласен со бугарскиот став: Кога се зборува за македонска нација и...

Георгиевски согласен со бугарскиот став: Кога се зборува за македонска нација и македонски јазик се мисли на јазикот после 1945-та година

„Ајде сега да го видиме проблемот, што е последниот став кој го повтараат веќе сто пати Бугарите, и министри и премиерот, последниот став на Бугарија е ваков и тој трае веќе 5-6 месеци, Бугарија ќе ја признае македонската нација и македонскиот јазик од 1945-та година, а Македонија да го признае бугарското минато пред 1945 година и бугарскиот јазик како општ јазик во минатото. Што значи тоа? Тоа значи дека Македонија треба дали на ниво на Влада, и најверојатно на ниво на Влада и на ниво на Парламент да ја прифати таа бугарска позиција и да ја изгласа во Парламентот“, нагласи Љубчо Георгиевски при гостувањето во „24 Анализа“.
Георгиевски додаде дека тоа е јавна дискусија и таа трае.
„Бугарија да донесе исто така сопствен акт со кој ќе кажат да кога ние зборуваме за македонска нација и македонски јазик ние мислиме на јазикот после 1945-та година“, појасни Георгиевски.