дома Економија ГЕРМАНИЈА ВРАБОТУВА: Германскиот министер ги повика младите медицинари од регионов да аплицираат...

ГЕРМАНИЈА ВРАБОТУВА: Германскиот министер ги повика младите медицинари од регионов да аплицираат за работа во Германија

Германија бара работници, поточно медицински сестри соопштија тамошните власти. Според германскиот министер за здравство, поради зголемената старост на германското население, постои недостаток од медицински сестри во земјата

 

– Германија има население кое старее, а тоа ја зголеми потребата за медицински сестри, односно за квалификуван кадар. Проблемот е дека немаме доволно кадар во Германија и затоа ни е потребен млад кадар кој ќе дојде да работи како медицински сестри во нашиот систем. Токму затоа сакаме да соработуваме со други земји. Досега имаме соработка со Косово и Филипини. – рече министерот за здравство на Германија, Јенс Шпан.

Во Македонија и онака е драстично зголемен бројот на млад медицински кадар кој ја напушта земјата за да оствари пристоен живот надвор од земјава. Ова ќе значи дополнителен стимул.