дома Uncategorized Германија дневно „гине“ од ковид-19 повеќе од Втора светска војна

Германија дневно „гине“ од ковид-19 повеќе од Втора светска војна

Германија забележа најголем број на смртни случаи од коронавирус претходниот ден, објави денес референтниот институт Роберт Кох.

Според Институтот, до Германија биле потврдени уште 1.244 смртни случаи до полноќ, со што вкупниот број на смртни случаи е на 43.881 од почетокот на пандемијата.

Според податоците, 25.164 нови случаи на инфекција се потврдени претходниот ден. Германските власти размислуваат да воведат построги ограничувања за да се запре стабилниот раст на бројот на инфекции во земјата.

Седумдневниот дневен просек на нови случаи се зголеми во последните две недели од 23,36 нови случаи на 100 000 жители на 30 декември, на 26,03 нови случаи на 13 јануари.