дома Европа Германија зaвиeнa вo цpнo: Kaкo пocлeдицa oд кopoнaвиpycoт, живoтoт гo зaгyбиja пoвeќe...

Германија зaвиeнa вo цpнo: Kaкo пocлeдицa oд кopoнaвиpycoт, живoтoт гo зaгyбиja пoвeќe oд 50 илjaди лyѓe

Вкупниот број на смртни случаи предизвикани од коронавирусот во Германија денеска го надмина прагот од 50.000, соопшти Институтот за инфективни болести „Роберт Кох“.

Од почетокот на пандемијата, институтот регистрирал вкупно 50.642 смртни случаи во Германија, од кои 859 во изминатите 24 часа – релативно низок број оваа недела.

Германските власти ги продолжија ограничувачките мерки против Ковид-19 – затворени училишта и продавници што не продаваат стоки за основни потреби до 14 февруари.