дома Европа ГЕРМАНИЈА ПОД СНЕГ: Снежна покривка ги изненади Германците на прагот на летото!

ГЕРМАНИЈА ПОД СНЕГ: Снежна покривка ги изненади Германците на прагот на летото!

Во делови на Германија паднa ситен снег, само 1,5 месец пред официјалниот почеток на летото.

Тенката снежна покривка утринава ги дочека жителите на планината Харц во централниот дел на земјата, на висина над 700 метри.

Германската метеоролошка служба соопшти дека ладниот бран ќе се движи кон југ и дека ќе потрае до понеделник, со снег на Алпите чија висина ќе достигне 20 сантиметри и ноќни температури под нулата.

Пaдовите на температурите и мразевите кон средината на мај не се невообичаени за Германија.

Во народот таа појава се препишува на ледените светци – христијанските маченици чии денови паѓаат меѓу 11 и 15 мај.