Германија прави резерви од вакцини во случај на повторување на пандемијата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Германија планира да им плати на производителите на вакцини против ковид-19 годишна такса за резервирање на вакцините, со цел да создаде резервен капацитет од 600-700 милиони дози годишно.

Ова се прави во обид да се „справат“ со идните пандемии, изјави денеска германскиот министер за здравство Јенс Шпан.

Според него, владата во Берлин планира да објави тендер за таканаречени договори за подготвеност за пандемија, кои ќе важат пет години.

„Ние во владата се согласивме дека сакаме да обезбедиме капацитет за производство на вакцини во Германија и за Германија“, рече Шпан на прес-конференција, пренесува Ројтерс.

Тој додава дека ова може да се активира многу брзо, што значи дека производството на вакцини може да започне за кратко време.

Доцнењата во производството и прекумерната зависност од одобрувањето на Европската унија за набавка на вакцини ја забавија кампањата за вакцинација на Германија против kovid-19, поради што официјален Берлин сега сака да го зголеми домашното производство.

Во февруари, Германија формира работна група за производство на вакцини со цел да се воспостави домашно производство и да се намалат „тесните грла“ во синџирот на снабдување.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This