дома Европа Германија протeра двајца руски дипломати

Германија протeра двајца руски дипломати

Официјален Берлин објави дека прогласил двајца руски дипломати во Амбасадата на Руската Федерација во Германија за персона нон грата.

Според зборовите на шефицата на германската дипломатија, Аналена Бербок, причина за протерувањето на двајца руски дипломати е случајот со убиството на милитантот Зелимхан Хангошвили во берлинскиот парк Мали Тиргартен во август 2019 година.