дома Европа ГЕРМАНИЈА СО ЗАСИЛЕНА КОНТРОЛА НА ГРАНИЦАТА СО ФРАНЦИЈА: Германија стравува од немиpитe...

ГЕРМАНИЈА СО ЗАСИЛЕНА КОНТРОЛА НА ГРАНИЦАТА СО ФРАНЦИЈА: Германија стравува од немиpитe во Франција, но и од теpopистички напади за Божиќните празници

Германската Влада соопшти дека ја засилила контролата на границата со Франција по синоќешниот напад во Стразбур, но смета дека е променето нивото на закана во Германија.

(Photo by Eric FEFERBERG / AFP)

Портпаролот на министерката за внатрешни работи Елеонор Петерман рече дека нема причина божиќните пазари во Германија да не се посетуваат. Пред две години, божиќниот пазар во Берлин беше мета на смртоносен напад.

Петерман и германското Министерство за правда соопштија дека властите немаат информации за поврзаноста меѓу осомничениот напаѓач, кој бил во германски затвор за грабеж, и исламски екстремисти.

Осомничениот, кој синоќа уби двајца и рани десетина лица, бил осуден во Германија во 2016 година и депортиран во Франција во 2017 година.

Но, Петерман рече дека му било оневозможено правото слободно да се движи во ЕУ.