дома КОВИД-19 (Коронавирус) Германија ja тpгнa Македонија oд лиcтaтa на pизични koвид зeмjи

Германија ja тpгнa Македонија oд лиcтaтa на pизични koвид зeмjи

Поради намалување на бројот на нови случаи на ковид-19 Македонија е тргната од листата на ризични ковид земји. Покрај Македонија од црвената листа се симнати и Србија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора и повеќе не се третираат како ризични земји, објави Институтот „Роберт Кох“.

Отстранувањето од списокот на ризични земји го олеснува патувањето во Германија, односно ги отстранува сите епидемиолошки пречки.

Новите правила за патување ќе важат од утре, наведува Институтот „Роберт Кох“ во своето соопштение.