дома Европа Германската полициja за малку не пуkaла во „натpaпникот“ со падобpaн во Минхен

Германската полициja за малку не пуkaла во „натpaпникот“ со падобpaн во Минхен

Министерот за внатрешни работи на баварскиот регион Јоаким Херман откри неверојатна информација од дуелот меѓу Германија и Франција во Минхен.

Натпреварот на „Алијанц Арена“ беше прекинат од активист, кој несакајќи заврши на тревникот. Неговата намера беше да прелета над стадионот и да фрли топка со порака „Исфрлете ја нафтата“.

Меѓутоа, наместо тоа, пресече телевизиски кабли и повреди две лица. Германската полиција открива дека беше блиску да пука во „натрапникот“ од небото. Дилемата меѓу службениците била дали се работи за терористички напад или не.

38-годишниот Германец веднаш заврши во полициска станица. На крај имаше среќа што за оваа авантура не плати со својот живот.