дома Актуелно ГЕРМАНСКИТЕ ПОЛИТИЧАРИ ЗАГРИЖЕНИ: Тенковите на САД во Источна Европа ќе предизвикаат сериозни...

ГЕРМАНСКИТЕ ПОЛИТИЧАРИ ЗАГРИЖЕНИ: Тенковите на САД во Источна Европа ќе предизвикаат сериозни безбедносни проблеми!

Германските политичари изразиле незадоволство од пристигнувањето на тенковите на САД во германското пристаниште Бремерхавен, пренесува германскиот магазин Фокус


Германските политичари го изразија незадоволството од пристигнувањето на тенковите на САД во германското пристаниште во Бремерхавен, пренесува германскиот магазин Фокус. Поточно, Бранденбуршкиот лидер и партискиот член на СДП Диетмар Воидке ја критикувале иницијативата на НАТО за распоредување на воени батаљони во Источна Европа.
„Нема да ни биде од никаква помош возењето на тенковите напред-назад помеѓу границите“, рекол Германскиот политичар. Тој препорачува да се одржи смиреност и да се продолжи со дијалогот со Москва „и покрај сите потешкотии“.

Со слично размислување е и потпретседателот на германската партија „Дие линке“ Тобијас Флугер. Тој верува дека активностите на НАТО ќе испровоцираат нова вооружена трка која ќе доведе до „ескалација на односите со Русија“.

Американската воена опрема ќе биде транспортирана во Полска преку железница, од каде ќе биде дистрибуирана во Балтичките земји, Бугарија и РОманија како членки на НАТО и дел од мисијата за „задржување на Руската агресија“. САД ги искористува наводите дека Руската армија дејствувала во Украина со цел да го оправда трупањето на војска во Источна Европа, нешто што Русија го смета за сериозна безбедносна закана.