March 29, 2024, 10:53 am

ГЕРМАНСКИТЕ СПАСУВАЧИ ГИ ПРЕДУПРЕДУВААТ РОДИТЕЛИТЕ: Престанете да гледате во телефоните, децата ви се дават

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Германските спасувачи соопштиле дека во последно време е зголемен бројот на деца кои се удавиле, а дека причина за тоа е тоа што родителите се опседнати со своите паметни телефони.

Здружението на германските спасувачи “DLRG”, организација која има 40.000 членови, соопштило дека од 279 луѓе кои се удавиле од почетокот на годината, 20 се деца помлади од 15 години. Околу 40 жртви имале меѓу 16 и 25 години.

“На родителите, бабите и дедовците им праќаме еден совет: кога вашите деца и внуци се вода, оставете го својот паметен телефон”, рекол Ахим Вајс, портпарол на “DLRG”.
Тој додал дека ризикот од давање е поголем на подрачјата каде нема спасувач.

Ова не е прв пат родителите да се предупредат да внимаваат на своите деца кога се во вода. На почетокот на летото Петер Харцхајм, претседател на Федералното здружение на германските спасувачи издал слично предупредување.
“Ние секојдневно гледаме луѓе кои ги третираат базените како градинки и едноставно не обраќаат внимание”, рекол тој.

“Се повеќе родители гледаат во својот паметен телефон, а не во децата”, рекол тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This