Германските спасувачи соопштиле дека во последно време е зголемен бројот на деца кои се удавиле, а дека причина за тоа е тоа што родителите се опседнати со своите паметни телефони.
“На родителите, бабите и дедовците им праќаме еден совет: кога вашите деца и внуци се вода, оставете го својот паметен телефон”, рекол Ахим Вајс, портпарол на “DLRG”.
Тој додал дека ризикот од давање е поголем на подрачјата каде нема спасувач.
“Ние секојдневно гледаме луѓе кои ги третираат базените како градинки и едноставно не обраќаат внимание”, рекол тој.
“Се повеќе родители гледаат во својот паметен телефон, а не во децата”, рекол тој.