Германските 6oлници пpeдyпpeдyвaaт дeкa нacкоpo нe ќe мoжaт дa иcплaќaaт плaти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Здружението на германски болници предупреди дека поради ограничувања во работата поради пандемијата, постои опасност клиниките повеќе да не можат да исплаќаат плати на вработените.

„Доколку владата јасно не ја зголеми помошта, тогаш клиниките нема да можат да исплатат плати на вработените во првиот квартал од следната година“, рече претседателот на Здружението, Џералд Гас.

Тој за германските медиуми изјави дека парите од вообичаените фондови не се доволни и дека болниците во моментов на располагање имаат ограничени финансиски средства.

Во средината на декември, германската влада усвои мерки за помош на болниците.

Според концептот на Министерството за здравство, болниците во регионите кои се особено оптоварени од ширењето на вирусот ќе добијат средства доколку се откажат од медицински зафати што можат да се одложат и со тоа да се ослободат кревети.

Според Гас, само 25 проценти од клиниките имаат корист од тоа.

Тој предложи, врз основа на податоци од 2019 година, да се обезбеди месечен буџет за болниците.

Две третини од болниците сметаат дека 2020 година ќе ја завршат со загуби, покажува актуелниот болнички барометар.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This