дома Европа Германски виpycoлoг пpeдyпpeдyвa: Чeтвpтиoт бpaн нa кopoнaвиpyc мoжe дa ce oчeкyвa нaeceн?

Германски виpycoлoг пpeдyпpeдyвa: Чeтвpтиoт бpaн нa кopoнaвиpyc мoжe дa ce oчeкyвa нaeceн?

Германскиот вируолог Хендрик Штрек очекува дека ситуацијата со коронавирусот сигурно ќе се влоши наесен и дека е можен четврти бран.

Штрек предупредува дека и покрај намалувањето на бројот на заразени, не може да се прогласи победа над пандемијата.

Во изјава за неделникот „Фокус“, тој рече дека четвртиот бран може да следи наесен и дека е потребно да се искористи времето до тогаш за да се извлече максимум од сегашната состојба.

Тој верува дека летото, во однос на епидемиолошката состојба, ќе помине добро, но од септември се очекува повторно зголемување на инфекцијата.

Тој посочува дека клучот за решението е вакцинирање на поширок дел од популацијата, но стравува дека и вакцинираните лица можат да заразат невакцинирани лица.

„Имаме случај на вакциниран лекар кој развил големо количество вирус во грлото и го заразил семејството. Можеби станува збор за индивидуален случај, но мора да се следи”, рече Штрек.