дома Европа Германски лeкap co oптимиcтичнa пpoгнoзa: Eвe кoгa ќe бидe кpajoт нa пaндeмиjaтa

Германски лeкap co oптимиcтичнa пpoгнoзa: Eвe кoгa ќe бидe кpajoт нa пaндeмиjaтa

Претседателот на Здружението на германски лекари, Андреас Гасен, вели дека на пролет ќе дојде крајот на пандемијата на коронавирусот.

“Тргнувам од тоа дека пролетта 2022-ра година ќе биде крајот на пандемијата”, рекол тој за германскиот дневник “Rheinische post” и додал дека смета дека од тогаш повторно ќе се нормализира животот.

Тоа мислење, вели Гасен, го застапуваат и познати научници.

Тој објаснува дека неговата прогноза се потпира на фактот дека стапката на вакцинација ќе расте и бројот на излечени луѓе со антитела ќе биде повисок.

“Кој не е вакциниран, во наредните месеци ќе се зарази со коронавирус”, рекол Гасен.