Германски „Шпигел“: Бугарија го злоупотребува ветото за Македонија како политичко средство против соседна земја

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бугарското вето за евроинтегративниот процес на Македонија се најде на страниците на угледниот германски магазин „Шпигел“.

Во анализата на македонско-бугарскиот споp, од весникот пишуваат дека Бугарија наметнува еден нов преседан во политиката на проширување на ЕУ, односно го користи своето гледиште на историјата на гротeckен начин како политичко средство против соседна земја.

Некои националисти си ги присвојуваат како Грци што зборуваат словенски. Други како јужни Срби или западни Бугари. Во својата кратка историја, на Македонците никогаш не им било лесно да бидат признаени како посебна нација со сопствен јазик. До денес, Македонија е оспорувана од своите соседи Бугарија, Грција и Србија како „конструкт“ и „вештачка нација“ – пишува „Шпигел“ во анализата посветена на бугарското вето на Македонија во ЕУ.

Магазинот анализира дека бугарската влада покажува дека „македонското прашање“, како едно од клучните во историјата на Балканот, е се уште многу далеку од тоа да биде истражувано само од историчарите.

Таа бара од соседната С. Македонија официјално да соопшти дека македонската нација има бугарски корени и дека јазикот во земјата – македонскиот, е западно-бугарски дијалект. Се додека македонската влада тоа не го прифати, Бугарија нема да дозволи земјата да почне преговори со ЕУ.

По ветото на Унгарија и Полска на буџетот на ЕУ, бугарската блокада на Македонија предизвикува уште една криза во ЕУ. Бугарија наметнува еден нов преседан во политиката на проширување на Брисел – таа го користи своето гледиште на историјата на гротескен начин како политичко средство против соседна земја.

Притоа се работи за многу повеќе од двомилионската С. Македонија, која одамна ги исполни сите технички предуслови за да почне преговори за членство во ЕУ. Се работи за тоа, како владите на некои ЕУ членки го злоупотребуваат правото на вето за сопствени националистички внатрешно-политички кампањи. Со тоа многу и наштетуваат на веродостојноста на ЕУ во нејзиниот најважен соседен регион – Западниот Балкан.

Во разговор за Шпигел, македонскиот премиер Зоран Заев го нарекува бугарското вето „апсурдно и смешно“. „Во изминативе години сторивме многу, за да направиме добар напредок на нашиот евроинтегративен пат. Покажавме дека можеме да се однесуваме европски“, вели Заев.

Тој и префрла на Бугарија дека на „неевропски начин поставува барања кои се однесуваат на македонскиот идентитет и достоинство како нација“. Заев за Шпигел вели дека причините за ветото се внатрешно-политички. Притоа, веројатно се алудира на повеќемесечните анти-корупциски протести против десноконзервативната и националистичка коалициска влада на премиерот Бојко Борисов, како и на претстојните парламентарни избори во март следната година. На Борисов му е потребна корисна тема со која може да го одвлече вниманието од неговиот корумпиран систем – пишува „Шпигел“.

Магазинот предупредува дека доколку Македонија ја загуби европската перспектива, како во многу други случаи низ историјата на Балканот, радикалниот национализам може да ја втурне земјата кон насилство.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This