дома Македонија ГЕРМАНСКО МНР: Не сме веќе бивша, сега не ословуваат како идна Република...

ГЕРМАНСКО МНР: Не сме веќе бивша, сега не ословуваат како идна Република Северна Македонија

Германското Министерство за надворешни работи денеска го честита потпишувањето на Пристапниот протокол на Република Македонија за членство во Северноатланската Алијанса, изразувајќи добредојде на новиот НАТО – партнер.

-Идната Република Северна Македонија е на патот да стане НАТО сојузник. Пристапниот протокол е потпишан сега очекуваме ратификација од секоја од земјите – членки. Благодарение на договорот за името меѓу Скопје и Атина со нетрпение очекуваме да му посакаме добредојде на новиот НАТО – партнер, стои на твитер профилот на германското МНР.