дома КОВИД-19 (Коронавирус) Гepмaнцитe oткријa нoви шoкaнтни пoслeдици oд Кoвид-19

Гepмaнцитe oткријa нoви шoкaнтни пoслeдици oд Кoвид-19

По повеќе од два месеци, заразените пациенти имаат поголема веројатност да развијат проблеми со срцето во споредба со испитаниците во контролната група.

Нови студии на германски научници укажуваат на тоа дека повеќе од три четвртини од пациентите кои неодамна закрепнале од ковид-19 развиле долгорочни проблеми со срцето, дури и ако нивната состојба не барала хоспитализација.

Резултатите од испитувањето на срцето извршени на сто опоравени, лекарите ги споредиле со резултатите од ист тест извршен врз стотина лица кои не биле заразени со вирусот. Просечната возраст на испитаниците била 49 години, а две третини од пациентите закрепнале дома.

Се покажа дека огромното мнозинство од пациентите, 78 од нив, имале сериозно оштетување на срцевиот мускул, како што е она што се појавува по срцев удар.