дома Македонија ГЕРОВСКИ СПРЕМЕН ЗА ХИМЕНОПЛАСТИКА: Геро му се нафрли на Ѓорѓи Спасов во...

ГЕРОВСКИ СПРЕМЕН ЗА ХИМЕНОПЛАСТИКА: Геро му се нафрли на Ѓорѓи Спасов во обид што подлабоко да се вовлече во задницата на Ахмети!

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Вовлекувањето во туѓи задници и улижувањето стана екипен спорт во редовите на соросоидите од СДСМ, а за неприкосновен шампион во супертешка категорија несомнено треба да биде прогласен Бранко Геровски, кој од сопственото себеспознавање до ден денес (особено последните неколку дена) покажува импресивни резултати

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Соросоидно, СДСМ-овскиот мегафон е спремен да се искара дури и со неговите долгогодишни другари и соборци, во намерата да извојува што поголемо место во „задното дебело месо“ на Али Ахмети, па така на ред за јавен линч на неговиот „портал“ финансиран од Сорос и УСАИД, тој „распали“ и по екс-министерот од СДСМ и редовен манипулатор Ѓорѓи Спасов кој пред два дена кажуваше вицови за „нусето“ на Али Ахмети и неговиот оскуден сексуален живот.

Геровски остро го осуди Спасов, иако тој веќе излижа онаму каде што поплукал, па му се извини, на како што вели, командантот од Мала Речица.

Бранко е спремен, да служи како робинка на Мала Речица, само и само, неговиот пулен аболицираниот Заев да направи влада со СДСМ. Независно од цената за таквата влада. Геровски е спремен до степен да си направи хименопластика, и одново, овој пат како девица да чукне на портите во Мала Речица, бидејќи слушнал дека како таков, би можел да има поголема вредност во преговорите со ДУИ.

За иронијата да биде поголема, Геровски му се нафрли на Спасов, во борбата за „шампион во улижување кај Ахмети“, но заборави дека на неговиот т.н. портал, редовно пишуваат, ако може така да се каже, Тричковски (кој си замислува атентати и посакува мртви полицајци), Боки Бургија (кој речиси никогаш не напишал колумна на трезно), но и Мирослав Грчев (креатор на новото знаме, и човек кој на Бугарска телевизија изјави дека Македонската нација е измислена творба).

Но, на Геро не му смета кога некој зборува против Македонската нација, напротив, тој се лути ако некој Македонец (макар тоа бил и Ѓорѓи Спасов), се осуди да го навреди Командатот од Мала Речица.