дома Македонија ГЕРОСКИ ГО ОЦЕНУВА CУДCTBOTO КАКО ИHKBИЗИЦИЈА: Кацарска го вратила cудcвoто во средниот...

ГЕРОСКИ ГО ОЦЕНУВА CУДCTBOTO КАКО ИHKBИЗИЦИЈА: Кацарска го вратила cудcвoто во средниот век, вели Героски!

Однесување на судијката Кацарска многу сериозно ја доведува во прашање непристрасноста на судот и го повредува начелото на презумпција на невиност на обвинетите. После вакви „прашања“ и коментари, обвинетите уште сега знаат каква ќе биде пресудата и нивната одбрана губи секаква смисла. Со тоа и судењето губи смисла, бидејќи се претвора во инквизиција како во темниот Среден век, пишува Героски.

Коментирајќи ги случувањата во процесот за 27 април и најавеното помилување за дел од учесниците, новинарот Бранко Героски пишува дека очекувал овој процес, како и сите други чувствителни судски процеси, посебно тие за обвиненијата на Специјалното јавно обвинителство, да го покажат новиот лик на македонското правосудство преку брзи и квалитетни истраги, силни и валидни докази, професионално и непристрасно судење, бескомпромисно почитување на правото на одбрана и на другите елементарни човекови права на секој обвинет.

-За жал, барем што се однесува до судењето за 27 април, кое го води судијката Добрила Кацарска, морам да кажам дека сум разочаран. Реакциите на дел од стручната јавност ме поттикнаа моето разочарување од поставеноста на судот во овој случај (да не генерализирам, иако би имало многу нешта да се кажат и за други случаи) да го споделам и јавно. Неспорно е дека законот дозволува судијата во расправата да поставува прашања, но во согласност со неговата улога на непристрасен арбитар помеѓу обвинителството и одбраната, на кои паѓа главната обврска да изведуваат докази, да ги испитуваат обвинетите и сведоците и така да се дојде до вистината. Судијата не смее да ја преземе улогата на обвинител и да биде во центарот на вниманието. Напротив, тој мора да демонстрира највисоко ниво на непристрасност и да обезбеди почитување на процесните права на сите странки, пишува Героски.

Тој додава дека внимателно го прочитал испитувањето на сведокот Трајко Вељаноски од страна на судијката Кацарска.

-Се разбира, Вељаноски тешко може да предизвика било чија емпатија, но однесувањето на судијката е она што вистински вџашува – таа и директно и вкрстено го испитува сведокот, коментира, па дури и донесува заклучоци. Како во она божемно прашање, кога таа на сведокот му вели: „Единствено за што се грижевте вие на 27 април лани беше некој да не седне на вашето место“. Просто неверојатно! Ваквото однесување на судијката Кацарска многу сериозно ја доведува во прашање непристрасноста на судот и го повредува начелото на презумпција на невиност на обвинетите. После вакви „прашања“ и коментари, обвинетите уште сега знаат каква ќе биде пресудата и нивната одбрана губи секаква смисла. Со тоа и судењето губи смисла, бидејќи се претвора во инквизиција како во темниот Среден век, пишува Героски.

Целата колумна можете да ја прочитате на plusinfo.mk