дома Македонија ГЕРО СИ ГО БРАНИ ГАЗДАТА: Како верен пес, Геро си го брани...

ГЕРО СИ ГО БРАНИ ГАЗДАТА: Како верен пес, Геро си го брани газдата!

Баснословните приходи од над 3000 евра месечно кои ги добиваат првите луѓе на Сорос, деновиве ги запалија порталите и социјалните мрежи. Лавината тргна кога со критика излегоа и дел од учесниците на таканаречената шарена револуција во парите го видоа мотивот за дивеењето и деструкцијата. Веднаш се јавија и апологетите кои му должат на Милчин натпреварувајќи се кој ќе му се додвори повеќе. Тука предводник е Бранко Героски.

Геро во најновата своја колумна на опозицискиот портал Плусинфо под насловот -„Опозициски“ плукачи против Сорос рамо до рамо со чилимановци?! е видно револтиран зошто другите опозиционери не го бранат Милчин и другите платеници на Сорос затоа што лапале плати од 3400 евра месечно и така лажно им се продавале како „ борци за човекови права“ со полни џебови кеш. Кога Геро скока во одбрана на Милчин треба да се знае дека тоа го прави за многу пари и многу станови.

Револтиран од колумната на Геро, се јави најгласниот промотер на СДСМ Саше Ивановски – Политико.

„Геро побрза да го одбрани шефот Владе Милчин, за подлабоко да му се начука во анусот за да лапне уште едно грантче од 100 000е! ПишуваПолитико во колумната.

Политико јасно кажува зошто Геро ревносно го брани газдата:

„Геро се што има, и кариера и лично богатство му должи на Владе Милчин!

Владе му го направи Дневник каде он направи кариера а потоа откако го продадоа на ВАЦ си зема 500 000е лични пари кои ги вложи во десетина станови низ Скопје!

Владе му го направи Плусинфо и му го одржува со годишни донации од 100 000е за да он сега изиграва опозициски медиски сатрап и он кажува на сите лекции како треба и што треба…

Владе му го направи Слободен Печат и му го одржуваше со 100 000е годишно каде исто така Геро продава муда за бубрези…

Се што направил Геро во животот е поради милионски субвенции на Сорос по одлука на личното пријателче Милчин!

Затоа Геро на сите им дели лекции на медиски бизнис, иако сите проекти му се СУБВЕНЦИОНИРАНИ бизнис проекти без пазарни правила на игра!“

За Политико Геро е чист платеник.

„Геро дури некогаш знае да се истрча дека е човек кој работи без донации, што е исто така невидена перверзија!“

Имено откако јавноста имаше можност да види дека за плати од 3400 евра кои ги примаат платениците на Сорос како Фани Каранфилова, Милчин, Маричиќ, Ордановски, Уранија Пировска и многу други кои ги гледавме во првите редови на „Шарената револуција“, како за огромни суми пари, оштетуваат државен имот, вознемируваат граѓани и причинуваат огромна материјална штета. Голем број на опозиционо ориентирани граѓани преку социјалните мрежи упатија остри критики до оние кои им продаваат „демократија“ со полни џебови.

Најдиректна кон лажните демократи за големи пари од Сорос беше професорката Мимоза Ристова, која во свој фејсбук пост напиша:

– Лесно ви е да сте опозиционери од невладиниот и да водите наводна борба за демократија против паторот со фамилијата за 3 и кусур илјади евра месечна плата. Ај да ве видам да го правите тоа за беспари, од срце, од душа и од внатрешен порив за правда  Срам ме фати кога ви ги прочитав кај клетите Курири висините на платите. АРАМ.