дома Македонија ГИ ВАДЕЛЕ ПОЖАРНИКАРИ: Четири возила поплавени во Сарај, пожарникари ги ваделе луѓето...

ГИ ВАДЕЛЕ ПОЖАРНИКАРИ: Четири возила поплавени во Сарај, пожарникари ги ваделе луѓето од автомобилите!

Во општина Сарај, кај клучката Матка во близина на бензинската станица „Бис Оил“ дојде до поплавување на подвозникот во висина од 1 метар.

Поплавувањето е настанато заради дождот и дефект на водоводна мрежа на ЈП Водовод и Канализација“, соопшти АМСМ.

Од таму велат дека се заглавени четири возила, а луѓето биле извлечени од страна на пожарникари.

Од АМСМ велат дека екипи сè уште се на терен.