дома Европа ГИ ЗАТРУПАЛ ЕДЕН ТОН СНЕГ, УСПЕАЛЕ ДА ГИ ИЗВЛЕЧАТ ЖИВИ: Спасени четворица...

ГИ ЗАТРУПАЛ ЕДЕН ТОН СНЕГ, УСПЕАЛЕ ДА ГИ ИЗВЛЕЧАТ ЖИВИ: Спасени четворица скијачи од лавина во Швајцарија!

Спасувачките тимови спасиле четворица скијачи од лавина, која во вторникот затрупала група скијачи во швајцарскиот ски центар Кран Монтана.

Едно лице е во кpитичнa состојба, додека три лица се полесно пoвpeдeни, навела полицијата во кантонот Вале на својот Твитер.

Лавината се срушила врз секторот Плен Морт, а спасувачките тимови со повеќе од 240 луѓе и осум хеликоптери излегле на лице место.

Лавината се простира на должина од 840 метри и широка е околу 100 метри.

Лавината се случила бидејќи минатите недели температурата била во пораст, што предизвикало топење на снегот.