дома Македонија ГИ ИЗБРКА КОЛЕДАРИТЕ, СЕГА СЕ СЛИКА ПО ЦРКВИ: Со оглед на тоа...

ГИ ИЗБРКА КОЛЕДАРИТЕ, СЕГА СЕ СЛИКА ПО ЦРКВИ: Со оглед на тоа дека наближуваат избори, не е страшно да се заборави на секуларноста

Вчерашната изјава на градоначалникот Илија Јованоски директно од црквата Свето Благовештение, дека ја поздравува одлуката за реставрација на иконостасот во овој храм, наиде на бурни реакции кај прилепчани.

Не дека иконостасот, кој патем е од огромно значење и претставува непроценливо богатство, не треба да се реставрира, туку поради лошите на навики на Јованоски од минатата година.

Прилепчани реагираат дека градоначалникот кога сака е секуларен, а кога сака или кога му одговара е верник и се појавува во храмовите.

Прилепчани му немаат заборавено на Јованоски за настанот од оваа и минатата година кога не ги прими во општината коледарчињата од Бадниковата литија.

Јованоски тогаш порача дека општината и тој како прв човек се секуларни.

Но, со оглед на тоа дека наближуваат избори, не е страшно да се заборави на секуларноста.