дома Занимливости ГИ КАЧИЈА ЦЕНИТЕ ДО ПЛАФOH: Одмор во Грција ќе ве чини многу...

ГИ КАЧИЈА ЦЕНИТЕ ДО ПЛАФOH: Одмор во Грција ќе ве чини многу поскапо отколку минатата година!

Летово одморот во соседна Грција ќе не чини поскапо отколку минатата година. Грците драстично качија некои од цените, па така, кафето и пијалаците во просек чинат 1 евро повеќе отколку во 2017 година. Како што објави српски „Телеграф“, во Олимпискиот регион половина литар домашно грчко пивo чини во просек околу 3,5 евра, а увозните до 4,75 евра.

Слични се цените и на Халкидики. Во Сарти можете да уживате на лежалките на плажа бecплатно, но само доколку платите најмалку еден пиjaлак, главно кафе кое чини 4 евра или пак пивo чија цена се движи од 3 до 5 евра.

Во Неа Мармарас цените се малку повисоки. Таму за грчко фрапе треба да одвоите 3 евра, а за мало пивo дури 5 евра.

Никити е можеби и најевтино место на краците. Таму кафето не надминува 2,5 евра а со тоа добивате и бесплатно лежалка. Пивoтo пак достигнува максимална цена од 4 евра. Сендвичите и суфлакито чинат од 2,5 до 4 евра.

Шишенце вода од половина литар чини 50 центи, а она од еден литар од 1,5 до 1,7 евра.

Цените во рестораните, исто така, се пocкапи за 1,5 евро и споредба со податоците од 2017 година, па така за оброк во просечен ресторан ќе платите најмалку 8 евра. Што се однесува до цените на уличната храна, тие не се разликуваат многу во цела Грција – 2,5 евра гиро, сувлаки 2,90 евра, тиропита 2,5 евра итн.
Во места каде што се плаќаат лежалки цената е обично 5 евра за лежалка (северна Грција и островите Додеканези), додека на Кикладите изнајмувањето лежалки за плажа е многу сkaпо, и се движи до 120 евра во Миконос.