дома Македонија ГЛАСАЛ ЗА ПРОМЕНИ АМА ГО ИСТЕПАЛЕ ВНУК МУ: „На кардиологија, во соба...

ГЛАСАЛ ЗА ПРОМЕНИ АМА ГО ИСТЕПАЛЕ ВНУК МУ: „На кардиологија, во соба 325, го истепаа внук ми на спиење“ – и сега повторно бара промени

Внук ми беше физички нападнат, добил вербални закани од непознато лице, а по куса препирка бил физички нападнат и крвнички претепан во болничката постела, ја раскажува неверојатната приказна вујкото Саша Цветковиќ.

Неговиот 28-годишен внук веќе седум дена е на Универзитетската клиника за кардиологија во Скопје. Семејството на Кирил Божиновски нема никакви замерки за однесувањето на персоналот и за нивната професионалност.

„Но вчера, во еден часот по полноќ, во болничката соба влегло лице на возраст од околу 30-35 години, син на хоспитализирано лице што се наоѓало во истата соба“, ја почнува Цветковиќ својата приказнa.

Гостинот легнал да спие на креветот помеѓу својот татко и внукот Кирил, кој се разбудил од гласното зборување и го замолил гостинот да биде потивок. Кирил веднаш добил закани и на албански и на македонски јазик, а по куса препирка добил и ќотек во болничката постела. Цветковиќ вели дека персоналoт повикал полиција, која по доаѓањето го затекнала напаѓачот во просторијата. Напаѓачот почнал да се кара и со полицајците, им се заканил со пиштол и избегал.

„Внукот е сега преместен во соба 318, каде што го продолжува лекувањето. Како граѓанин на оваа држава, како човек што гласаше за промени, апелирам до сите надлежни органи да преземат мерки и да спречат во иднина вакви работи да не ни се случуваат“, вели Цветковиќ и најавува можна тужба против болницата, која дозволила ваков јавашлук и безредие, и против насилникот.

Извор: МКД.мк