дома Македонија Гласачките места ќе останат отворени сѐ додека има гласачи во дворот или...

Гласачките места ќе останат отворени сѐ додека има гласачи во дворот или во ходникот

Претседателот на ДИК, Александар Даштевски, на прес конференцијата во 17:30 часот рече дека изборниот процес и молкот, наместо до 19:00 часот ќе трае повќе, односно сѐ додека трае изборниот процес на избирачките места во државата.

Како што кажа тој, избирачките места каде има ред за гласање ќе останат отворени и по 19 часот за да може и оние граѓани кои ќе се најдат во дворот или во ходникот од гласачкото место да го остварат правото на глас.

„Известуваме дека изборниот молк ќе трае сѐ додека се одржува гласањето и по 19:00 часот, додека се овозможи да гласаат сите гласачи кои дошле пред објектите за гласање“, рече Даштевски.

Даштевски рече дека не може да се каже со точност до колку часот ќе трае гласањето, најавувајќи дека таквата информација ќа биде споделена со јавноста веднаш штом ДИК ги добие информациите од теренот.