дома Социјални Мрежи ГЛЕДАЈ И ПЛАЧИ, ЈАДНА МАКЕДОНИЈО: Геровски смета дека Саше Ивановски е „оберкуртон“

ГЛЕДАЈ И ПЛАЧИ, ЈАДНА МАКЕДОНИЈО: Геровски смета дека Саше Ивановски е „оберкуртон“

Како да не беше доволно тоа што полицајката која изеде ќотек од Бекир Асани, па потоа под притисок на министерот мораше да ја смени изјавата, крајно понижувајќи ја професијата, владините медиуми отидоа дотаму, што тргнаа во одбрана на Асани, давајќи му медиумски простор за да може насилникот да се претстави како жртва

 

На ваквата срамна ПР стратегија, реагираа и апологетите на власта како Бранко Геровски, кој Саше Ивановски кој го водеше интервјуто со Асани го нарече „оберкуртон“ кој се ставил во заштита на насилници.

Освен тоа, Геровски ги критикуваше и неговите колеги новинари, владеачката партија и невладините организации кои молчат под притисок на власта, и не смеат да застанат во одбрана на полицајката, но и го игнорираа фактот дека во т.н. интервју Асани го нарече претседателот на МАН Насер Селмани „копиле“.