дома Локално „ГЛОБАЛ“ СТАНА АТЛАНТИДА: Осум милиони евра завршија под вода по краткиот дожд...

„ГЛОБАЛ“ СТАНА АТЛАНТИДА: Осум милиони евра завршија под вода по краткиот дожд во Струмица!

Поплавите кои попладнево ја зафатија Струмица не го поштедија ниту трговскиот центар „Глобал“, чија внатрешност беше поплавена по краткотрајните врнежи, покажува оваа видео снимка.


Поплавени куќи, улици и поројот „Крушевска Република“ се само дел од сликите кои денес може да се забележат низ Струмица поради поројните врнежи од дожд.

Потопен е и трговскиот центар „Глобал“, познат во јавноста по криминалот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев тежок 8 милиони евра, за што беше аболициран од тогашниот претседател бранко Црвенковски и е единствениот аболициран политичар во Македонија.

Заев со уште петмина во средината на јули 2008-ма година за случајот „Глобал“ заврши во притвор за криминал тежок над 8 милиони евра. Аболицијата на Заев со која практично прекина гонењето беше потпишана од Бранко Црвенковски на 3 август 2008 година и трае до денес.