дома Свет ГОЛЕМА ГРУПА АВИОНИ ОДИ ВО СИРИЈА: Русија веќе нема намера да попушта...

ГОЛЕМА ГРУПА АВИОНИ ОДИ ВО СИРИЈА: Русија веќе нема намера да попушта во Сирија!

Поради неуспехот на примирјето во Сирија, во руската база „Хмејмим“ се припрема голема група на воени авиони СУ-25


Министерството за одбрана на Русија објави дека ќе испрати нова група на авиони во Сирија, а во припрема е уште едно испраќање на авиони и персонал во базата.

Новата група на авиони се испраќаат бидејќи САД одбија да се придржуваат поделку од реализацијата на договорот за Сирија, соопштува весникот „Известија“. Претходно Вашингтон и се закани на Москва за прекин на соработката во таа земја, ако не престане бомбардирањето на Алепа. Поради засилување на воздушните групи, во базата „Хмејмим“ пристгнаа бомбардери СУ-24 и СУ-25, чиј број не е наведен.

Извори во војската го нарекоа овој чекор „планска ротација“, бидејќи неколку авиони се вратија од Сирија во Русија. Притоа за испраќањето во Сирија се спремни и авиони СУ-25.