дома Европа ГОЛЕМА ДРАМА ВО БРИТАНСКОТО КРАЛСКО СЕМЕЈСТВО:На полноќ свикан итен состанок, се очекува...

ГОЛЕМА ДРАМА ВО БРИТАНСКОТО КРАЛСКО СЕМЕЈСТВО:На полноќ свикан итен состанок, се очекува важно соопштение

Среде ноќ, меѓу среда и четврток целиот персонал на кралското семејство, како и сите членови на британското кралство итно се повикани во Бакингемската палата, јавува „Дејли мејл“.

Засега нема информации за причината за ваквиот ненадеен повик, но веднаш почнале шпекулациите дека се очекува некоја драматична објава, која се однесува на здравјето на 91-годишната кралицата Елизабета Втора или нејзиниот сопруг, 95-годишниот Филип, војводата од Единбург.

Повикот за итен состанок бил во три часот по британско време, а е најавено дека во следните неколку часа треба да им се обрати лорд Чембрлен, еден од најбилските кралски помошници и личниот секретар, сер Кристофер Геит.

„Дејли мејл“ нагласува дека свикувањето на целиот персонал на состанок во Лондон не е невообичаено, но предупредува дека тоа досега не се случило во вакви рани утрински часови, со наредба веднаш да дојдат во палатата, што сугерира дека станува збор за нешто важно.